Новак Ѓоковиќ е најдобриот спортист во Европа за 2018!

27 декември 2018

Српскиот тенисер и ѕвездата во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во Европа за 2018 година, според изборот што го организира реномираната Полската новинаска агенција (PAP), а во кој учествуваа 23 новински агенции.

 

Со освоени 145 бодови, маестралниот тенисер се пласираше пред фудбалерот Лука Модриќ и актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон.

Годинава Ѓоковиќ успеа да освои две грен-слем титули, на Вимблдон и на УС Опен со што се врати на првото место на АТП листата.

Инаку Полсата новинска агенција традиционално избира европски спортисти на годината од 1958 година.

 

Објавено:
27 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
156 пати