Новата еко колекција на H&M обоена во зелени тонови

13 февруари 2018

Шведскиот бренд H&M ја презентираше својата седма по ред колекција во линијата Conscious Exclusive која се однесува на одржливата мода односно има за цел да ја поттикне и подигне еколошката свест кај купувачите.

Суштината на овие колекции е тоа што во нивното креирање се користени рециклирани материјали, а овој пат модните додатоци се изработени од стари свеќници, фустаните од рибарска мрежа и друг отпад, а се е вклопено во една бајковита кампања во која заштитно лице е прекрасната, 49-годишна Кристи Тарлингтон.

Според естетиката, колекцијата го носи предзнакот елегантна и женствена, а нејзината палета е претежно во доминантни зелени тонови.

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 19-ти април.

 

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.521 пати