Новата песна на Џеј Ло е посветена на Алекс Родригез

5 февруари 2018

Пред големото финале на Супер Боул одржано вчера, во саботата вечер свој концерт во Минаеаполис имаше Џенифер Лопез.

Таа приреди вистински спекакл, што и се очекуваше од неа, притоа појавувајќи се во осум различни стајлинзи. Инаку, настапот траеше 90 минути, притоа не дозволувајќи публиката во ниту еден момент да се почувствува запоставена или да ѝ здодее.

Преку нејзиниот настап и таа му оддаде почит на Принц пеејќи неколку негови песни, но уште повеќе внимание привлече при презентирањето на новата песна насловена како „Us“.

Со оглед на тоа дека настапот беше точно на годишнината од врската со Алекс Родригез, пејачката пред бројната публика рече:

„Денеска е посебен ден. Една година како сме заедно. Не сакам да бидам сентиментална или патетична, но бејби, оваа песна ти ја посветувам тебе. Те сакам“.

Во продолжение погледнете ги сите изданија на Џенифер - од секси комбинезонот со животински принт, преку персонализираниот дрес, до провокативните изднија во долна облека, како дел од атмосферата:

#1


#2

 

#3

 

#4

 

#5

 

#7

 

#8

 

Објавено:
5 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
911 пати