Нови промени во модната куќа Луј Витон

13 јануари 2014

Десната рака на поранешниот креативен директор на модната куќа Луј Витон, Марк Џејкобс, Џули де Либран, ја напушта позицијата на креативен директор на женскиот оддел на брендот.  Џули претходно има работено за Прада, Версаче и Џанфранко Фере, а во Луј Витон се вработи во 2008 година.

 

Иако, не се знае зошто таа ја напушта позицијата, се шушка дека заменикот на Џејкобс, Николас Гескуиер донел свои луѓе што ја разнишаа позицијата на незаменливиот дел од тимот на Џејкобс. Засега, е непознато дали таа ќе биде преместена во некој друг дел или целосно ќе замине од Луј Витон.

 

 

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Актуел