Новиот британски Vogue со Дакота Џонсон

4 јануари 2016

Младата актерка Дакота Џонсон за првпат ќе ја краси насловната страна на британското издание на Vogue и тоа за февруарскиот број.

Покрај фотосесијата за која се погрижи Алсадаир Меклелан, низ страниците на магазинот може да се прочита и големото интервју  каде што зборува за филмот што ѝ донесе голема популарност изминатава година како и за некои сегменти од приватниот живот.

-Горда сум на „50 нијанси на сива“. Не се каам за ништо и немам потреба да се дистанцирам од тоа. Колку повеќе работам, толку повеќе пулбиката има можност да ги види различните нешта што ги можам. Дали сметам дека ми ги отвори портите? Да. Многу луѓе го знаат моето име – вели актерката во интервјуто.

Исто така се осврнува  на стареењето во продукцијата на Тинселтаун, посочувајќи ги мајка си, Мелани Грифит и баба си Типи Хедерн како примери.

-Зошто мајка ми ја нема на филм? Таа е неверојатна актерка! Зошто ја нема баба ми? Индустријата е брутална. Колку и да сте цврсти, понекогаш имате чувство дека не сте пожелни. Апсурдно е. Кога и да имам пауза, кај мене постои несигурност за тоа дали ќе работам некогаш повеќе. Не знам што е тоа, но дефинитивно ми се случува – искрена е Џонсон.

Сега за сега, не прави паузи и го промовира новото остварување, Black Mass, каде игра заедно со Џони Деп.

-Во секојдневниот, мојот реален живот, јас не изгледа секогаш убаво. Никој не изгледа секогаш убаво. Сакам филмови што се искрени, тоа е нешто што навистина ме возбудува и придвижува – вели Дакота.

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
324 пати