Новиот бутик на „Луј Витон“ - шопинг рај од кој не ви се заминува

6 ноември 2019

Модниот бренд „Луј Витон“ неодамна отвори нов бутик и тоа во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Она што не може да не го забележите е фантастичната и необична архитектура.

Доколку го набљудувате бутикот од подалеку, ќе имате чувство како покривот да се движи. Всушност, се работи за стаклена брановидна фасада, која истовремено е и елегантна и авангардна, а зад која се потпишува архитектот Франк Гери. 

Од прикажаното, јасно се гледа дека се вметнати елементи од корејската култура и архитектура. 

За внатрешното уредување заслугите одат кај Питер Марино, кој направил буквално рај за купувачите и посетителите на бутикот. Внатрешноста се одлукува со голема пространост, со прекрасно светло, интересни делови посебно за оние што преферираат Инстаграм фотографии.

На отворањето присуствуваа голем број познати личности од светот на модата и шоу-бизн индустријата, како и ѕвезди од корејскиот јавен живот, кои имаа можност повторно да ја видат круз колекцијата за 2020 година, претставена пред неколку месеци премиерно во Њујорк.

Дел од атмосферата, како и фотографии од внатрешноста, погледнете во продолжение:

 

 

фото извор: Instagram.com; wwd.com; hypebeast.com

 

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
509 пати