По неколкуте успешни настапи на Љубљанската модна недела македонската модна етикета  за безродова мода изработена од исклучиво природни материјали, Лудус, се пробива во интернационалните медиуми.

Фото едиторијалот израбoтен со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов сега се најде и во италијанскиот Вог и на престижното интернет списание специјализирано за машка независна мода Калтблут Магазин.
 
Едиторијалот е сработен во Словенија, со моделите Анел и Уршка  од агенцијата Имортал, каде како стилист се јавува долгодишната соработничка Мартина Ивановска.

Колекцијата Monoscapes може да се најде на новата веб продавница на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, во Љубљана, во бутикот Луксантика во ГТЦ, Скопје и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.

Објавено:
27 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
665 пати