Новите портрети на Обамови и фустанот на Мишел

13 февруари 2018

Мишел и Барак Обама вчера добија нови портрети, од кои беа воодушевени. Уметничките дела беа презентирани во националната галерија „Смитсонијан“ во Вашингтон, а светските медиуми утринава се преполни со информациите за случувањето.

За изработката на овие портрети, поранешната претседателска двојка сама ги одбра уметниците. Така, портретот на Мишел, кој и прв беше презентиран го изработи сликарката Ејми Шералд, додека зад оној на Барак се потпишува Кеинду Вилеј.

И уметниците и Обамови не го криеја задоволството од сработеното.

„Размислувам за младите Афроамериканки кои во иднина ќе доаѓаат во оваа голема американска институција и ќе имаат можност на ѕидот да видат некој кој е сличен со нив. Знам какво големо влијание и поттик ќе има тоа врз нив, бидејќи и јас бев една таква млада девојка“, изјави Мишел Обама.

Ејми Шералд е позната по тоа што во своите дела ги разработува темите на социјална правда, притоа фокусирајќи се на обликот и бојата пред сè, а помалку на реалистичниот приказ.

Инаку, посебно се коментираше и фустанот во кој позирала Мишел. Се работи за миди фустан, со широко здолниште и со геометриски принт. Креацијата е од американскиот бренд Milly, односно дизајнерката Мишел Смит, колекцијата пролет 2017.

За потсетување, поранешната прва дама на една од последните обиколки на Белата куќа носеше токму комбинација (црни панталони и кошула на риги) од истиот бренд.

Од друга страна, Барак Обама, 44-от претседател на САД, во свој стил се пошегува дека му рекол на уметникот да му ги намали ушите и да направи седите влакна да исчезнат.

Инаку, Кеинде Вилеј и првиот афроамерикански уметник кој се потпишува зад службен претседателски портрет, а се образувал на Јејл. Познат по големите живописни портрети на афроамериканците, а токму таков е и овој на Барак

„Грижата, прецизност и визија во тоа Кеинде ја препознава убавината и достоинството на луѓето кое често се и невидливи во нашите живот и како ги поставува на големото платно, се неверојатни и нè тера да ги гледаме и конечно да ги видиме“ вели Обама.

Генералниот впечаток и на медиумите и на критичарите е дека овие портрети отскокнуваат од досегашните претседателски портрети, со што Мишел и Барак Обама повторно ја освоија американската јавност.

 

 

As a young girl, even in my wildest dreams, I never could have imagined this moment. Nobody in my family has ever had a portrait - there are no portraits of the Robinsons or the Shields from the South Side of Chicago. This is all a little bit overwhelming, especially when I think about all of the young people who will visit the National Portrait Gallery and see this, including so many young girls and young girls of color who don’t often see their images displayed in beautiful and iconic ways. I am so proud to help make that kind of history. But the fact is that none of this would be possible without the extraordinary artist and woman behind this portrait, @asherald. Thank you, Amy – it was a joy to work with you and get to know you.

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama) onFeb 12, 2018 at 9:58am PST

 

фото извор: elle.com; harpersbazaar.com;

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
705 пати