Новото лице на Манго

13 јануари 2016

По Кара Делевињ и Кејт Мос, Манго за својата нова кампања ангажираше уште една ѕвезда-модел, Кендал Џенер.

Таа во моментов е еден од најекспонираните и најбараните модели, што за кратко време квалитетно го наполни своето професионално портфолио, па воопшто не изненадува овој потег на шпанскиот гигант.

До сега во јавноста е објавена само една фотографија од претстојната кампања насловена „Tribal Spirit", која ја фотографираше познатиот Дејвид Симс.

Инаку покрај Кендал, се ангажирани уште три манекенки чии имиња сè уште не се познати.

Објавено:
13 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.032 пати