Обама и ја искажа љубовта на Мерил Стрип со почесен Медал на слободата

25 ноември 2014

Барак Обама не е само претседател на Соединетите Американски Држави, очигледно, тој е претседател и на фан клубот на единствената Мерил Стрип. Огромната почит и љубов кон актерката тој ја искажа со одликување со специјалниот Медал на слободата како највисока почест од државата.

„Ја сакам Мерил Стрип. Нејзиниот сопруг знае дека ја сакам. И Мишел знае дека ја сакам. Тие двајца не можат против тоа“, изјави Обама пред да и ја додели наградата.

Тој додаде и дека таа по многу нешта е посебна: Таа направи буквално сѐ за нејзината професија, дури пееше и песни од АБА, изјави претседателот мислејќи на нејзината улога во филмот „Мама Миа“.

Покрај Мерил Стрип, со специјален орден беа наградени и Стиви Вондер, Етел Кенеди и Том Брокау, објави Vanity Fair.

На крајот на доделувањето на наградите, Обама изјави дека оваа церемонија е една од неговите омилени, бидејќи истата е во чест на сите оние луѓе кои успеале да ја направат Америка „поубава земја, похумана, посилна и секако – помудра“!

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Актуел