Објавена агендата на најочекуваниот светски музички фестивал Коачела

10 јануари 2014

Веќе 14-та година по ред  најсончевата земја во Америка, Калифорнија, во април ја очекува својата музички добро едуцирана многубројна публика на еден од најпознатите светски музички фестивали Коачела, кој ќе се одржи од 11 до 13, односно од 18 до 20 април.

Малиот град Индио за време на фестивалот ќе го собере кремот на светската музичка индустрија и во тој период дефинитивно ќе биде еден од најпосетуваните културни центри.

На официјалната страна на фестивалот неодамна се објави официјалната листа на изведувачи меѓу кои и: Muse, OutKast, Arcade Fire, Queens of Stone Age,  Solange Knowles, Pet Shop Boys, Empire of the Sun, Pharrell Williams, Brian Ferry, Lanа Del Rey и уште многу други добро познати имиња.

Покрај тоа што фестивалот е своевидна „музичка мека“, Коачела е исто така разгледница на најинвентивните и најавтентичните пролетни стајлинзи, а по тој повот правиме кратка ретроспектива на минатогодишните највпечатливи изгледи.

 

 

 

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Актуел