Објавени имињата на учесниците од „Вог“ фестивалот за 2014-та

10 февруари 2014

Фиби Фило, Маноло Бланик, Сара Бартон, Валентино, се само дел од имињата што ќе земат учество од реномираниот традиционален „Вог“ фестивал. Големата група еминентни имиња од модната индустрија, ќе ги споделат  своите искуства и совети, преку интерактивни разговори од дводневната дебата, која ќе стартува на 29-ти март во салата „Кралицата Елизабета“ во Лондон. Оваа година, манифестацијата е во партнерство со британската компанија Хародс.

-Ние сме многу возбудени, но истовремено и горди на големиот микс од имиња што оваа година ги имаме од содржините на фестивалот. Партнерството со Хародс ни овозможува да создадеме пријатно искуство и соработка, како со учесниците така и со публиката, вели уредничката на англиското издание на Вог, Александра Шулман.

Освен гореспоменатите имиња, како учесници се вклучуваат и фотографот Ник Најт, пејачката Лили Ален, моделите Карли Клос, Роси Ханингтон Вејтли, Алекса Чунг, уредничката Мирослава Дума, дизајнерите и брендовите,  Ангела Мисони, Проенза Скулер, Кејти Хилиер и многу други.

Преку разговорите,  на јавноста засегната од модата, ќе и се понуди вербално „богатство“ од согледувања, знаење и анализи од модна перспектива. Но тоа не е се. Овој голем моден фестивал на сите присутни им нуди можност учествуваат во презентациите на писта, да сугерираат во спојувањето на стајлинзи, да се фотографираат за страниците на Вог и уште низа изненадувања.

 

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Актуел