Објавени номинациите за „Британските модни награди“

27 октомври 2016

Британскиот моден совет ги објави номинираните дизајнери за претстојните „Модни награди 2016“, што се закажани за 5-ти декември.

Номинациите се распределени во девет категории, со пет номинирани брендови или индивидуалци.

За талент на годината номинирани се Алесандра Рич, Чарлс Џефри,Фаустин Стајнмец, Моли Годард, Self Portrait. Интерсно е во категориите за најдобар дизајнер за машка облека каде номинирани се Грег Грин, Велс Бонер, Џ.В. Андерсон, Том Форд, Вивиен Вествуд, додека за најдобар дизајнер за женска облека ќе се борат -Кристофер Кејн, Џ.В.Андерсон, Роксанда Илинчиќ, Сара Бартон и Симон Роша.

Во категоријата пак, за најдобар британски бренд ќе се натпреваруваат „Александар Меквин“, „Барбери“, „Кристофер Кејн“, „Ердем“ и „Стела Мекартни“.

И моделите со нетрпение ги очекуваат наградите, за да видат кој ќе биде избран за најдобар за 2016 година на интернационално ниво. За таа титула номинирани се Адвоа Абоа, Бела Хадид, Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Линси Монтеро.

Номинирани за најдобар дизајнер на модни додатоци за годинава се Алесандро Микеле за „Гучи“, Ања Хиндмарк, Џони Кока за „Малбери’, Џонатан Андерсон за „Loewe“ и Стјуарт Виверс за „Coach“.

Ќе биде жестоко и во категоријата за најдобар интернационален дизајнер. Алесандро Микеле („Гучи“), Демна Гвасалија („Баленсијага“), Донатела Версаче („Версаче“), Џонатан Андерсон („Loewe“) и Рикардо Тиши („Живанши“).

Инаку, манифестацијата е од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат усмерени на поддршка на младите таленти во светот на модата.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
63 пати