Облините забранети на Инстаграм

24 јули 2015

Социјалната мрежа Инстаграм меѓу другото е позната и по некои строги правила кон кои се придржува. Така, најновата забрана се однесува на употребата на ознаката „облини“ (хаштаг #curvy).

Службата за односи со јавност на Инстаграм изнесе образложение во кое се вели дека #curvy е забранет бидејќи „најчесто се користел за фотографии кои не се во склад со Инстаграм правилата за голотија“.

Но, корисниците негодуваат на ваквата одлука. Ако фотографии на кои се познаваат женските брадавици се дозволени, како тоа едно зборче може да го спречи објавувањето на фотографии каде доминираат голи тела.

Исто така, зошто да се спречи употребувањето на #curvy самостојно, кога е дозволено во комбинација со други зборчиња како на пример #curvygirls.

Корисниците сметаат и дека ако се укине ознаката „облини“, тогаш треба да се уникат и нејзини варијации (#fatty) или ознаките со спротивно значење како „слаба“ (#skinny, #thin).

Заклучокот е дека стравот од премногу голотија создава негативен ефект. Љубителите на оваа социјална мрежа веруваат дека забраната на ознаките ќе доведе до незадоволство и како решение нудат цензурирање на корисниците што објавуваат неприкладна содржина. Со цензурирањето на ознаката „облини“ се добива впечаток дека женските облини се неприфатливи за оваа социјална мрежа.

 

После бурните реакции, најновата информација е дека Инстаграм повторно дозволи употреба на #curvy. 

Објавено:
24 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
775 пати