Веќе знаеме дека тимот на Икеа е еден од најкреативните во светот, а овие денови тие ги израдуваа нивните обожаватели со уште една супер акција.

Тие собраа детски цртежи од неколку страни на светот и истите ги претворија во вистински играчки преку кои ќе собираат средства што потоа ќе одат во фондацијата на Уницеф, „Спасете ги децата“. 

Цртежите што тие ги собрале од неколку креативни дечиња од различни страни на светот, прикажуваат дел од детската имагинација и какви играчки сакаат тие да добијат всушност. 

Икеа ги исполни нивните желби, а многу скоро истите ќе бидат пуштени во продажба во нивните продавници ширум светот, со што едно евро од секоја играчка ќе оди во добротворни цели. 

Еден од највпечатливите цртежи оваа година го имаше 10 – годишната Карла од Хрватска, која нацрта и посака да се изработи „добро чудовиште што ќе ги прегрне сите деца од светот“. 

Цртежот и играчката на Карла

Покрај Карла, преслатки цртежи направија и Тимео од Белгија, Стела од Кипар, Дора од Велика Британија и уште многу други дечиња чии „оживеани“ дела можете да ги погледнете во галеријата.

Објавено:
31 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.029 пати