Омилените летни парчиња од Елена Лука со големо намалување!

4 септември 2015

Крајот на летната сезона е вистинско време кога може да се подновите со уникатно дизајнерско парче, по достапни цени.

Изборот што со 50% попуст ви го нуди модната куќа Елена Лука, ги задоволува буквално сите стилски апетити.

Автентични дизајни од колекцијата пролет-лето 2015, со потписот на докажаниот моден бренд, ќе го освежат вашиот изглед и ќе му дадат исклучителен печат.

Здолништа со флорални принтови, бизнис комбинации на панталони со кошули, свечени тоалети, сакоа во минималистички кроеви, мантили, како и тренди летни сандали со урбан дизајн, може да ги купите на половина цена во ателјето на Елена Лука во скопската населба Капиштец или во продажните салони на брендот во Струмица и Прилеп.

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.188 пати