Официјално е: Кајли Џенер е најмладата жена милијардерка!

6 март 2019

„Во 21-вата година, таа ќе стане најмладата милијардерка која сама успеала. Добредојдовте во времето на екстремното влијание на славата", вака гласеше најавата на „Форбс" за августовскиот број, чија насловна страна ја красеше Кајли Џенер.

Оваа најава сега стана официјална информација. „Форбс“ соопшто дека Кајли Џенер е најмладата милијардерка во светот, а воедно и најмладата жена што постигна вакво богатство. 

Таа успеа да се најде на врвот на листата благодарение на својот бренд „Кајли Козметикс“. Компанијата која ја поседува е три години на пазарот, а само минатата година остварила приход од 360 милиони долари.

Со ова, најмладата членка на семејството Кардашијан го надмина и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој стана милијардер на 23 години. Денеска, тој се наоѓа на осмото место на најбогатите луѓе на светот.

Првото место сè уште го држи првиот човек на „Амазон“, Џеф Безос. Најбогатата жена на светот пак е сопственичката на „Лореал“, Франсоас Бетенкур Мајерс.

Инаку, „Форбс“ верува дека овој успех Кајли го должи на стратегијата со која го гради бизнисот, како и на бројните следбеници на социјалните мрежи, но и на реалното шоу, бидејќи младата Џенер имаше силна популарност на мрежите и пред да го започне бизнисот, а сè благодарение на реалното шоу на нејзиното семејство.

Објавено:
6 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
518 пати