Онлајн кастинг: Маркетинг стратегија или недостаток на лица?

19 ноември 2014

Слободанка Марковачева Слободанка Марковачева

Дека ова е време на моќниот интернет и социјалните мрежи, во континуитет потврдуваат делата на челниците во светската модна индустрија. Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Пинтерест,  се примарната алатка од потрагата на заштитни лица,  чиј аматеризам не претставува никаква пречка да станат протагонисти од рекламни кампањи. Американската козметичка компанија МАК, моментално води потрага низ социјалните мрежи  по шест заштитни лица за најновата есенска кампања за 2015 година.

Доколку мислевте дека треба да се исполнуваат строго поставени критериуми, се лажете. Условите за да сe стане познат,  содржат базична информативна основа, а за конечната одлука најчесто одлучува специјализирана комисија. Сепак, право да се пријави има секоја девојка и жена што ќе ги задоволи стандардите за потребите на конкретната рекламна кампања.

Оттука се поставува прашањето:  дали онлајн потрагата е добро смислена маркетинг стратегија од  која најлесно се допира до луѓето и се рекламира брендот и неговиот производ или пак навистина толку многу им се потребни  непромовирани лица како резултат од  дефицит на искусните промотери?

Логиката многу лесно ги поставува ставовите,  дека модната индустрија воопшто не е сиромашна со искусни модели, туку преку најмоќните социјални интернет платформи се настојува до доаѓање  на уште поинтензивна и агресивна реклама.

Компанијата МАК е пионер во искуството на наоѓање лица од социјалните мрежи, но нè и единствениот бренд што на ваков начин се обидува да допре до потрошувачот. Истата стратегија ја применија и дизајнерот Марк Џејкобс и втората линија на Дона Каран- DKNY, Келвин Клајн, Асос и други.

Континуитетот од ваквата потрага само посочува дека онлајн кастингот навистина резултира со ефектите што тие ги посакуваат, а интересот на публиката само го интензивира нивниот маркетинг.

 

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Актуел