Опра Винфри меѓу првите гости на кралската венчавка

19 мај 2018

Една од највлијателните дами во шоу бизнисот, Опра Винфри е меѓу првите гости што пристигнаа на свадбената церемонија на Принцот Хари и Меган Маркл во дворецот Виндзор.

Опра изгледа сензуално во нежно розов, елегантен фустан со тантелни детали што му даваат романтична нота. Особен печат во нејзиниот изглед остава префинетата шапка со масивни цветни детали, а нејзината комплетна појава е воодушевувачка.

Со изборот на ваква комбинација Опра во целост се придржува на пропишаниот дрес код за гостите на венчавката, што меѓу другото укажува на неколку моменти: да се избегнува премногу нагласен наките, мини здолништата се забранети, а шапките како детаљ се задолжителни.

 

Објавено:
19 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.329 пати