Опра Винфри официјално ја започна празничната сезона

6 ноември 2014

Како основач на магазинот О или The Oprah Magazine, планетарно познатата Винфри го најави стартот на празниците со автентична насловна на магазинот. Без сомнение на почетната страница се појави никој друг- туку таа, како што е случајот и со секое претходно издание. Овој пат, Опра од страниците во внатрешноста ја открива добро познатата листа за нејзините омилени работи од годината што изминува. Зимската идила од фотографиите  ја создава белата снежна позадина, крзнената бунда што таа ја носи со потписот на Дона Салирс, како и бајковидниот црвен фустан од Зак Позен, кој пак’ го симболизира Божиќ.

Листата на омилени работи, Опра почна да ја сублимира од почетокот на 2002 година, а последната за 2014-та содржи дури 72 од нејзините омилени работи.

Списокот содржи мали нешта за кои како што вели го прават нејзиниот ден исполнет, а тие се на пример: омилените шољи за чај, велосипедот, козметички препарати, фотографии и уште многу слични ситници  до крајот од големата листа. Инаку, магазинот О, за првпат беше објавен на 19-ти април 2000-та година, додека изданието за Јужна Африка во 2002-та. Магазинот се пачати во 2,7 милиони копии.

 

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Актуел