Оскар 2018 низ бројки: Ова е најслабо гледаното издание

6 март 2018

Заврши 90-тото издание на „Оскарите“. И покрај сета медиумска застапеност и детално проследување на настанот од различни аспекти, статистиките велат дека ова е најслабо гледано издание на „Оскарите“ некогаш.

„Еј-Би-Си“ мрежата го вршеше преносот, а според податоците, настанот годинава го следеле 26.5 милиони луѓе. Ова е првпат во последните 44 години гледаноста да се спушти под 30 милиони луѓе, пренесува „Асошијетед Прес“. Тука не се вклучени оние што манифестацијата ја следеле преку мобилни уреди или онлајн.

Сепак, статистиките покажуваат дека гледаноста на годинашново јубилејно издание опаднала за 20 проценти од минатогодишното, кое го следеле 32.9 милиони луѓе. И лани гледаноста беше оценета како ниска, во однос на годините од 2008. Во 2016 пак, „Оскарите“ ја задржаа просечната гледаност од 34.4 милиони луѓе.

Овој пад многумина го толкуваат како генерално опаѓање на интересот на луѓето за телевизијата. Дури и годинашното издание на„Супер Боул“ е оценето како најслабо гледано од 2008 година, а го следеле 103.4 милиони гледачи.

Во продолжение погледнете што велат останатите бројки:

2.6 милиони долари - толку чини реклама од 30 секунди за време на преносот на „Оскарите“. Ви изгледа многу? Тоа е за 48 проценти помалку од цената за реклама за време на „Супер Боул“.

4 килограми - толку тежи статуетката „Оскар“

34 сантиметри - толку е долга статутката „Оскар“

17 изданија се одржани во „Долби“ театарот, вклучувајќи го и последното

19 - домаќин на толку изданија на „Оскарите“ бил Боб Хоуп, а таа бројка никој сè уште не ја надминал

20 - Студиото „Fox Searchlight“ имаше годинава 20 номинации, повеќе од било кое друго студио

21 - Мерил Стрип годинава беше номинирана за „Оскар“ по 21 пат, со што го надмина рекордот, кој претходно исто така беше поставен од неа.

10 метри беше широк годинашниот црвен килим пред „Долби“ 

274 метри пак изнесуваше неговата должина

24.700 долари чини црвениот килим на „Оскарите“

44 милиони долари - според проценките, толку чинела годинашната церемонија

45 милиони - тоа е количеството Сваровски кристали што ја красеа сцената, (односно покривајќи 162 метри квадратни од неа)

51 -бројот на номинации за композиторот Џон Вилијамс, со што тој станува единствениот жив човек со толку номинации. Рекордот за најмногу номинации меѓу мажите го држи Волт Дизни со 59 .

52 години мрежата „Еј-Би-Си“ го пренесува „Оскарот“

60 вратари биле ангажирани во „Долби“ театарот за манифестацијата

225+ - Повеќе од 225 земји имале телевизиски пренос од „Оскарите“

88 - толку години има Кристофер Пламер, најстариот номиниран актер некогаш

22 - толку години има Тимоте Шаламе, најмладиот номиниран актер од 1944 до сега

341 остварување било квалификувано за наградата „Најдобар филм“, од кои само девет се номинирани за престижната награда

900 долари - на толку е проценета вредноста на годинашната 24-каратна златна оскаровска статуетка

3.300 седишта е капацитетот на седење во „Долби“ театарот за време на „Оскарите“

7.258 е бројката на членовите на Академијата кои имале право да гласаат годинава

5 - Тоа е бројот на жени што некогаш биле номинирани во категоријата „Најдобар режисер“

2018 - Оваа година за првпат Афроамериканка (Ди Рис за „Mudbound“) е номинирана за наградата за „Најдобро адаптирано сценарио“ - 

100 илјади долари е вредноста на торбата со подароци за номинираните актери

10 милиони е просечната вредност на изгледот на актерките од А-листата

1.5 милиони долари во просек троши просечен посетител на „Оскарите“

266 илјади долари во просек троши некој што за првпат се појавува на манифестацијата

15.000 долари е хонорарот на Џими Кимел кој и годинава беше домаќин

75.000 долари чини влезница за двајца на најгламурозната забава на „Vanity Fair“ по „Оскарите“

130 милиони долари - се смета дека „Оскарите“ ја подобруваат економската состојба на Лос Анџелес за овој износ.

238 минути трае најдолгиот филм меѓу номинираните за „Најдобар филм“ во 1939, „Gone With The Wind“, кој и ќе го освои оскарот.

132 минути трае најдолгиот номиниран филм во категоријата „Најдобар филм“ за 2018, а тоа е „Call Me by Your Name“

72.000 долари чини една страна реклама во магазинот „Холивуд Репортер“ за време на оскаровската сезона.

Објавено:
6 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
468 пати