„Оскар де ла Рента“ има старо-нови креативни директори

5 септември 2016

После периодот шпекулации за тоа кој ќе ја преземе креативната функција во брендот „Оскар де ла Рента“, конечно од модната куќа ја соопштија новата информација. И не, тоа не е Албер Елбаз како што многумина мислеа. Лора Ким и Фернандо Гарсија се новите креативни директори на „Оскар де ла Рента“.

Двајцата претходно работеа за брендот „Монс“, како ко-креативни директори. Инаку, Ким работеше за „Оскар де ла Рента“ од 2003 година, а замина како директор на дизајн, додека Гарсија се приклучи кон тимот во 2009 година, а замина како сениор дизајнер. И двајцата заминаа од брендот во 2015 година за да го основаат „Monse“ и да ја презентираат нивната дебитантска колекција за пролет-лето 2016.

„И двајцата се премногу возбудени што повторно се враќаме во куќата каде што ги научивме основите на модата лично од Оскар, а и модниот бизнис од Алекс. Учењето го продолживме со нашиот бренд и последнава година научивме навистина многу. Лекциите ќе ги искористиме за да ја прошириме визијата што оваа неверојатна куќа веќе ја има поставено“, се вели во соопштението од Ким и Гарсија.

Извршиот директор на „Оскар де ла Рента“, Алекс Болен исто така го изрази задоволството од повторната соработка:

-Многу години, Лора и Фернандо работеа тука, менаџирајќи го дизајнерскиот тим. Оскар го почитуваше нивниот талент и работеше со двајцата, упатувајќи конструктивни забелешки, а сѐ со цел да остварат успех во компанијата. За кусо време, го основаа „Monse“ како бренд кој е поинаков, со оригинален поглед на свет. Нашиот план е да му помогнеме на тој бренд да го надополни својот потенцијал, така што ќе расте брзо и успешно и финансиски, за што ќе го користиме и нашиот оперативен, финансиски и логистички систем. Се радуваме што ќе имаме можност да ги видиме нивните вештини кај нас.

Првата нивна колекција како креативни директори за „Оскар де ла Рента“, ќе биде за есен-зима 2017.

Објавено:
5 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
166 пати