Останала без работа,а сега заработува 1.000 евра месечно изработувајќи кукли

27 ноември 2019

Приказната во продолжение е доказ дека многу често лошото за добро излегува. Михаела Синеску е мајка на седумгодишна ќерка Дарија која пред неколку месеци останува без работа.

Поминувајќи повеќе време со ќерка си, таа почнува да изработува кукли од чорапи со кои ќе ѝ го прави времето позабавно.

Но, од игра за ќеркичката, ќе премине во работа од која ќе заработува и преку 1.000 евра месечно.

„Се сеќавам дека кога јас бев дете, чорапите ги претворав во мечиња. Со оглед на тоа дека имав куп распар чорапи одлучив од нив да направам нови кукли“, ќе изјави за локалните медиуми Михаела, а пренесува „Вирал Таб“, каде можете да видите уште некоја фотографија.

Во изминатите два месеца продала преку 200 кукли, а цената на истите се движи од 12 до 24 евра.

 

 фото: facebook.com/Friendly DOLLS

Објавено:
27 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
643 пати
Тагови: 
кукли чорапи