Отсега Кока – Кола и на вашето тело!

24 март 2014

Австралискиот дизајнер Вончан Ли создаде неверојатно добар и уникатен парфем што едноставно го нарече Coca – Cola Le Parfum!

Она во што сме сигурни дека на новиот и уникатен парфем и шишенце дефинитивно најмногу ќе се израдуваат вљубеничките на Кока – Кола, меѓу кои дефинитивно сме и ние!

Софистицираниот парфем на креативниот дизајнер доаѓа во две мирисни ноти: Coca-Cola Le Parfum: Classique (елегантен и класичен) и Coca-Cola Le Parfum: Belle (наменет за помлади девојки).

Она по што се препознатливи и двата парфеми е неверојатниот нежен и шармантен момент користен и за двете изданија.

Ние едвај чекаме да си го купиме и да се сплотиме со јатото миленички на Кока – Кола!

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Актуел