Отворен повик: За сите млади модни дизајнери - прилика која не смее да се испушти!

30 јануари 2019

Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира Driven by Design натпревар за млади модни дизајнери.

Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.

Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе добијат прилика:

-          Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет, во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;

-          Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето на настанот, додека,

-          Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и трето наградениот дизајн!

Апликациите се отворени од 29.01.2019 а траат до 11.02.2019.

Прочитајте повеќе на следните линкови:
Повеќе за натпреварот [КЛИК ОВДЕ]
Начин на аплицирање [КЛИК ОВДЕ],
Фонд на награди [КЛИК ОВДЕ],
Рокови [КЛИК ОВДЕ],
Селекција и бодување [КЛИК ОВДЕ],
Стручно жири [КЛИК ОВДЕ]

Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.

Објавено:
30 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
498 пати