Отворен повик за учество на шоурум „Обединета мода“ (United fashion) 2019

8 ноември 2018

Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е на шоурумот „ОБЕДИНЕТА МОДА".

ШТО СЕ СЛУЧУВА : Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода" (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, обајвува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе земат учество за време на Моден викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.

Со нашите партнери ќе одбереме вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа.

Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници.
Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.

НАШАТА ЦЕЛ: Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom" во Скопје, 2019 година е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа пред интернационалните купувачи и претставници на медиумите како и поврзување на дизајнерите од Европска унија со македонските фабрики. Проектот зазема пристап за зајакнување на конкурентноста преку мулти-државна соработка меѓу поединците и малите и средни претпријатија во модниот сектор во регионот и за промоција на ЈИЕ како една економска област на меѓународната сцена.

КОИ СЕ НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: Освен Моден викенд Скопје дел од проектот „United Fashion" се европските здруженија за поддршка на модната индустрија: MAD Brussels (Белгија), Flanders DC (Фландрија), ModaLisboa (Португалија), Baltic Fashion Federation (Латвија), Maison de Mode (Франција) , Fashion Council Germany (Германија) and Not Just A Label (Велика Британија).
„Обединета мода" ја доби и поддршката од програмата „Creative Europe" на Европската унија.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ : Апликацијата и повеќе детали ќе најдете на следниот линк https://fashionweekendskopje.mk/mk/uf-mk/moden-vikend-skopje-objavuva-otvoren-povik/
Пополнетата апликација испратете ја на info@fashionweekendskopje.mk и info@united-fashion.eu , најдоцна до 5 декември, 2018 година.

Објавено:
8 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
124 пати