Отворена изложбата на Проенза Скулер во Le Bon Marché

28 февруари 2014

Лазаро Хернандез и Џек Мек Колоу Лазаро Хернандез и Џек Мек Колоу

Во најстарата париска стоковна куќа пред два дена се отвори изложбата на американското дизајнерско дуо Проенза Скулер.

Кога во 2002 година Лазаро Хернандез и Џек Мек Колоу се здружија за да ја промовираат својата колекција во Централ Саинт Мартинс, не ни помислуваа дека ќе успеат да креираат сопствена изложба во срцето на Париз. Но, токму тоа и се случи.

Од 27 февруари, сите купувачи во Le Bon Marché, најстарата париска стоковна куќа ќе имаат можност да ја посетат изложбата на најдобрите дела на оваа фантастична дизајнерска двојка. Тие се поставени низ просторот на еден мошне хаотичен начин, но тоа не е пречка за да се разбере идејата. Ова е инспиративна приказна, која има за цел да покаже што се случува во умот на двајца мажи кои за овие дванаесет години креативна работа, успеаја да го промовираат и афирмираат еден од најуспешните млади брендови во светот.

Лазаро Хернандез Аризона Мјуз и Џек Мек Колоу Лазаро Хернандез Аризона Мјуз и Џек Мек Колоу

Изложбата е поделена на два дела. Надворешниот дел е мошне драматичен, каде на одредено растојание има поставено кукли облечени во некои од „постарите“колекции на оваа етикета. Општо земено ДНК-то на Проенза Скулер е тесно поврзано со етничките компоненти. Тие се инспирираат од различните традиционални и културни обележја на една земја и подоцна на вешт и мошне креативен начин ги вметнуваат во своите колекции не само како апликации, туку и во создавањето на самиот модел, кројот, обликот, формата.

„Решивме да бидеме дел од оваа изложба бидејќи е тесно поврзана со нашата креативна работа. Се е  поврзува со модата, таа е двигател на нашето постоење. Среќни сме што ја имавме големата чест ретроспективно да ги изложиме нашите дизајни во Le Bon Marché, тоа е навистина прекрасно“, изјави за медиумите ова спектакуларно дуо.

Делфина Арно Делфина Арно

Лазаро Хернандез и Џек Мек Колоу Лазаро Хернандез и Џек Мек Колоу

Лазаро Хернандез, Емануел Алт и Џек Мек Колоу Лазаро Хернандез, Емануел Алт и Џек Мек Колоу

 

 

 

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Актуел