Отворена првата интернет продавница формирана од CFDA

21 октомври 2013

Source4Style гласи називот на првата глобална интернет продавница формирана од Советот на модни дизајнери на Америка. Целта на ново отворениот интернет простор е што полесно големите купувачи од другите земји да дојдат до сите понудени материјали и колекции  и притоа да се подобри соработката меѓу дизајнерите и купувачите на пазарот од текстилната индустрија. Сите членови на CFDA ќе имаат можност полесно да склучат договори со купувачите од целиот свет. Купувачите пак преку интернет ќе можат да се поврзат со добавувачите, да побараат да им биде пратен примерок од нарачаното и да преговараат за конечните улови пред поднесување на барањето за нарачка.

-Изградивме ваква платформа  поради тоа дизајнерите да бидат во континуиран тек со пазарот на побарувачка. Во денешно време е многу скапо да се организираат текстилни саеми и затоа сметавме дека на овој начин членовите дизајнери на советот ќе имаат поголема придобивка, вели Стивен Колб, извршниот директот на американскиот совет на дизајнери.

 

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Актуел