Ова е чантата од Манго за која има листа на чекање!

26 мај 2017

Еден од омилените high street брендови Манго неодамна го прикажа новиот, одличен едиторијал инспириран од Азија, а снимен на Тајланд.

Инспирацијата на дизајнерскиот тим е прикажана преку супер модерните парчиња во кои може да се забележи присуството на Истокот во речиси секој модел.

Највпечатливиот моден додаток во целиот едиторијал е дефинитивно оваа плетена чанта од бамбус за која веќе има листа на чекање.

Токму плетените чанти оваа сезона се едни од најпосакуваните, а девојките обожаваат да ги вметнуваат во нивните стајлинзи.

Овие чанти имаат една посебна летна вибрација која привлекува, бидејќи неодоливо нѐ потсетуваат на топлите денови на долгите плажи кои секогаш се толку романтични.

Овој модел на чанти најмногу се поврзува со Џејн Биркин, а нејзината омилена чанта сезонава доаѓа во многу нови варијанти кои се подеднакво шик.

За конкретниот модел на Манго веќе има и листа на чекање, а оваа чантичка не може да се купи онлајн, туку може да се нарача и да чекате да ја добиете кога ќе има залиха.

Однадвор оваа чанта е круто плетена, а одвнатре е обложена со црно – бел кариран материјал и има црни кожени рачки.

Предноста е што можете да ја комбинирате со што и да посакате, а доколку и вам ви се допадна, оставете ја вашата електронска адреса на која ќе бидете известени штом пристигнат новите модели.

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.939 пати