Ова е најбогатата жена на светот според Форбс

3 јуни 2016

Во време кога хаштагот girlboss се шири на социјалните мрежи со брзина на светлината, магазинот Форбс ја објави листата на најбогати и најуспешни жени во Америка за 2016 – тата година. 

И додека многу имиња на листата се очекувани, има и такви кои се големо изненадување. Меѓу бизнис жените, актерките, музичарките, дизајнерките и сите останати, првото место ѝ припадна на Дијан Хендрикс, сопственичка на компанијата ABC Supply. 

Нејзиното богатство е проценето на неверојатни 4, 9 милијарди американски долари. Веднаш зад неа се најде Опра Винфри со богатство од 3, 1 милијарда долари, а на третото место Дорис Фишер, ко – основачката на компанијата Gap. 

Веднаш зад нив, на листата се најдоа и првата дама на хит брендот Nasty Gal, 32 годишната Софија Аморусо, потоа дизајнерката Тори Бурч, Дона Каран, Вера Ванг и Диан вон Фурстенберг. 

Софија Аморусо

Што се однесува до жените во музичката индустрија, меѓу најбогатите се најдоа Селин Дион, Бијонсе, Мадона и сосема очекувано, младата сензација Тејлор Свифт. 

На следниот линк, можете да ја погледнете целосната листа на најбогатите жени објавени во магазинот Форбс.

Објавено:
3 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.190 пати