Ова е најдобрата кампања на Диор досега!

5 октомври 2018

Со оглед на тоа што таа има пораснато со коњи и е омилената муза на Диор, воопшто не е за изненадување што Диор ја ангажираа прекрасната Џенифер Лоренс во новата кампања за нивната круз колекција.

Во истата, таа се појавува во фантастични парчиња од модната куќа кои се неверојатно женствени, споени со впечатливи рок чизми кои се хит сезонава.

Таа е заштитно лице на брендот од 2012 – тата година, а неодамна можевме да ја видиме и како дел од кампањата за парфемот Joy на брендот.

Кампањата е посветена на женското јавање коњи како еден од најелегантните и најсофистицирани спортови во светот, а се чини актерката е совршено олицетворение на овие зборови.

Целата кампања е организирана од дизајнерката на брендот Марија Грација Кјури која се покажа како исклучителна во својата работа.

„Се надевам дека брендот засекогаш ќе остане близок со жените. Јас не сакам само да создавам фустани за на коктели. Жените треба да имаат можност да одберат облека која прави да се чувствуваат самоуверени и убави, но и да се гледаат себеси во тие парчиња. Жените секој ден треба да бидат полни со самодоверба, не само во некои специјални моменти“, изјави таа.

 

Објавено:
5 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
966 пати