Ова е новата девојка на Бред Пит

10 април 2018

Нери Оксман е името на 42-годишната дама, за која светските медиуми пренесоа дека е новата љубов на актерот Бред Пит (54). 

Дел од светските магазини пренесоа дека двојката била во врска веќе шест месеци, а се запознале благодарение на заедничка соработка на актерот со Институтот за технологија во Масачусетс, каде Нери е професор.

Според други пак, нив ги врзува пријателство и работа, но не е тајна дека Бред сака што повеќе време да поминува со нив.

Како и да е, ова беше доволно целата светска јавност повеќе да се заинтересира за убавата Нери.

Бред во посета на Институтот, фото со студентите

Инаку, таа е родена во Израел (татко ѝ е Американец, а мајката Израелка), а била дел и од Израелското воздухопловство. Денес е архитект, професор, биолог, инженер, дизајнер... Покрај Бред Пит, соработувала со бројни познати и интересни личност, меѓу кои и Бјорк и модната дизајнерка Ајрис ван Харпен.

„После три години служба во Израелското воздухопловство, запишав медицинско училиште. На некој начин бев бунтовникот во семејството. Сакав да им помагам на луѓето и сметав дека медицината ќе биде совршен спој на наука и човечка емпатија. Но, потоа се најдов во магијата на архитектурата. Бев во доцните 20-ти, односно раните 30-ти. Тоа значеше многу години едукација, но тогаш конечно почувствував како да сум си го нашла домот“, изјави Оксман за магазинот „Ин стајл“ во ноември минататта година.

Иако ќе каже дека е „жена во машки свет“, нејзиниот успех е препознаен и награден многу пати. Така, во 2009 година се најде меѓу 100-те најкреативни луѓе во бизнисот, истата година беше избрана и меѓу највлијателните дизајнери и архитекти од „ICON“, а „Есквајр“ ја вброи меѓу најдобрите и најсветлите научници во Америка. Во 2012 „Бостон Глоб“ ја става во листата на „25 Бостонци со најмногу стил“, а две години подоцна е избрана за „Pride of America“ (Гордост на Америка) од страна на „Карнеги корпорацијата“.

Едно од најпознатите нејзини дела е „Свилениот павилјон“ (Silk Pavilion), а нејзината работа е изложувана во речиси сите познати музеи во САД.

Во едно интервју за „W Magazine“ ги нарекува Бред Пит и Џорџ Клуни стереотипи.

„... Јас сум една од ретките жени во полето на архитектурата. Од истата причина ги имаме Бред Пит и Џорџ Клуни, кои се показатели како во човечката природа е да ги идеализираме стерептипите. Ваквите примери се корисни за прикажување на заедничката перцепција на хероизмот... Тоа не е само болест во професијата со која јас се занимавам, тоа е фенотип на човековата култура и како ние развиваме стереотипи и перцепции“.

Инаку, оваа 42-годишна уметница, претходно беше мажена за композиторот Освалдо Голихов, а во една пригода ќе рече како неговата музика и тој имале неверојатно влијание врз нејзината работа. Сепак, нивната врска не може да продолжи понатаму. 

Во медиумите тогаш се појавија информации дека се забавува со милијардерот, инвеститорот Бил Акман, но тоа никогаш не беше потврдено. Сега пак, се наоѓа на мета на медиумите поради врската со Бред Пит. 

Дел од нејзината работа можете да видите ТУКА.

 

фото извор: harpersbazaar.com; dailymail.co.uk; wmagazine.com; thefamouspeople.com; instyle.com; concordia.net; bostonmagazine.com; interviewmagazine.com; iodonna.it; materialecology.com; pinterest.com; 

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.882 пати