Иако има уште многу од 2018 година, познатата модна платформа „Lyst“ веќе го објави истражувањето во кое јасно посочи кои се најбараните модни парчиња од нивните потрошувачи.

Како прво парче на листата се најдоа ултра познатите патики „Speed“ на модната куќа Баленсијага кои важат за едни од најпосакуваните во светот во овој момент.

Наскоро се очекува од тронот да ги симне новиот модел на куќата со наслов Triple S, кои се распродадоа во рок од 24 часа.

Во топ 10 – те брендови се најдоа Gucci, Off-White, Yeezy, Givenchy, Moncler и Vetements, а вистинско изненадување е торбата „Neverfull“ на Луј Витон која беше вистински хит и дамите ја обожуваа во 2007 година кога и беше претставена на јавноста.

На листата се најде и плетената шик торба со кожени рачки и натпис од познатиот шпански бренд Loewe која трендсетерките ќе ја обожаваат ова лето.

Гучи ременот и оваа година е ултра популарен, а голем хит се и влечките од брендот за кои повторно ќе има огромна побарувачка и ова лето.

Во галеријата погледнете ги парчињата за кои има најголем интерес оваа сезона.

Извор: Buro 24/7

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.485 пати