Ова се најдобрите фотографии за 2018 според National Geographic

5 јули 2018

Јапонската фотографка Реико Такахаши е доказ дека некогаш навистина треба да ги следиме нашите соништа и да преземеме ризик.

Имено, минатата година таа дала отказ од сигурната работа како инжинер за да го следи својот сон – да стане подводен фотограф.

Денеска, нејзината фотографија е прогласена за најдобра за изминатата година на натпреварот на National Geographic, во категорија со многу други исклучителни фотографии.

Нејзината прекрасна фотографија на која можеме да видиме грбав кит во движење со генијален наслов „Mermaid“ ја освои првата награда во категоријата „Travel Photographer of the Year“.

Фотографијата е направена во Јапонија, на првиот ден од патувањето на Такахаши каде планирала да фотографира китови и нивните млади.

„Навистина не можам да верувам. Ова е остварување на сите мои соништ. Почестен сум и ова ќе биде дополнителен поттик да продолжам да фотографирам“, изјави фотографката.

Фотографи од целиот свет можеа да испратат свои фотографии на натпреварот на познатиот магазин, а пристигнале вкупно 13 илјади.

Погледнете ги победниците, а сите останати на страната на National Geographic.

Објавено:
5 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
273 пати