Ова се најплатените модели за 2015

18 септември 2015

Форбс ги објави најплатените модели за 2015 година, а не е изненадување дека Жизел Бундшен повторно остана на првото место, далеку понаред од сите со заработка од 44 милиони долари. 

Жизел Бундшен

Инаку, интересен е фактот дека меѓу оние со најдобра за работка за оваа година има дури 21 модел, а 15 од нив се дел од Ангелите на Викторија. Кендал Џенер пак, го има своето прво појавување на Форбс листата со износ од 4 милиони долари.

За овие девојки убавината и мозокот се добитна комбинација.

Кендал Џенер

Кара Делевињ годинава оствари заработка од 9 милиони долари. Адриана Лима е веднаш зад неа, со исто толкав износ. Дауцен Крус има годишна заработка од 7.5 милиони долари, додека Наталија Водјанова има 7 милиони долари.

Миранда Кер

На Миранда Кер 2015 година ѝ донесе 5.5 милиони долари, исто колку и на Џоан Смолс. Лара Стоун која често ја гледавме како прво лице на бројни ревии има заработка од 5 милиони долари, а толку имаат и Алесандра Амбросио, Кендис Свонпул и Карли Клос.

Пола милион помалку имаат Каролин Марфи, Кејт Мос, Лиу Вен, Дарија Вербови. 

Кејт Мос

Хилари Рода оствари заработка од 3.5 милиони долари, колку и Кејт Аптон, Џордан Дан и Ања Рубик.

Објавено:
18 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
926 пати