Ова се најстилските момци во светот според GQ!

23 јуни 2015

Американското издание на магазинот GQ ја објави листата на најстилски мажи за тековната, 2015 година, а нивните резултати се сосема очекувани.

На листата најдобро облечени мажи се најдоа актерот Рајан Гослинг, Канје Вест, Бредли Купер, Џеј Зи, Марк Ронсон, Дејвид Бекам и други.

Редакцијата на магазинот ги одбра овие мажи според следниве критериуми – нивните дневни комбинации, уличен стил, но и според комбинациите во кои се појавиле на црвениот килим.

Сите оние стилски мажи кои се дел од професионалниот моден свет, не влегоа во оваа листа, бидејќи сепак, тие професионално се занимаваат со тоа.

На насловната на јулското издание на магазинот, според изборот на челните луѓе во редакцијата, ќе се најде некој од овие најстилски момци, а знаеме дека кого и да одберат, дефинитивно нема да погрешат.

Објавено:
23 јуни 2015
Категорија: 
Актуел