Во модата, трендовите се менуваат исклучително брзо, но постојат некои фустани што и по некое време остануваат запаметени и едноставно се безвременски.

Изминатата година познатите дами одбраа вакви фустани во повеќе наврати на црвениот килим, а медиумите ги обраа најдобрите.

Во најтесниот избор влегоа долги црни фустани со интересен крој, неизбежните slip фустани во боја на „пудра“, нежно розовите креации и секако, дел од дизајните од Мет галата меѓу кои и оној на Ријана.

На сите дами фустаните им прилегаат неверојатно, а со внимателно одбраната шминка и фризура, тие изгледаат магично.

Во галеријата погледнете ги фустаните по кои Џенифер Лоренс, Срша Ронан, Натали Портман, Тилда Свинтон и други дами останаа запаметени во 2018 – тата година.

 Инфо и фото: Buro.

Објавено:
14 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
441 пати