Највлијателните 100 личности избрани од магазинот Time се собраа вчеравечер на гала забавата во Њујорк заеднички да го прослават успехот што го постигнале изминатата година.

„Доброто влијание навистина чини многу, особено во овие денови кога има луѓе кои сакаат да не поделат и кои не секогаш се заинтересирани за тоа да најдеме заеднички јазик за заедничко добро“, изјави уредничката на магазинот, Ненси Гибс.

Таа додаде дека сите добитници сосема заслужено го добија признанието за највлијателни во своите области, без разлика дали се работи за филм, музика, книга, уметност, спорт, политика и што уште не.

На фантастичната ѕвездена забава за прославата на 13 – тото издание на магазинот за 100 – те највлијателни, присутните ги забавуваше омилениот Џон Леџенд кој пристигна со неговата сопруга Криси Тиген која се одлучи за долг златен фустан со секси отвор и блескава шминка и фризура.

Почнувајќи од актерката Виола Дејвис како една од највпечатливите изминатата година, па сѐ до кошаркарската легенда ЛеБрон Џејмс, во ова издание на магазинот Time навистина има личности кои го заслужија своето место.

Вистинска убавица во фустан од Маркеза беше и секогаш прекрасната Блејк Лајвли која го придружуваше нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс кој се најде на листата на највлијателни 100 за изминатата година.

Подеднакво прекрасна беше и шармантната актерка Виола Дејвис која на забавата пристигна во виолетов фустан во придружба на нејзиниот сопруг, а секси во целосно црна комбинација беше и plus – size манекенката Ешли Греам.

Во галеријата погоре, погледнете ги ѕвездите кои блеснаа во своите најдобри изданија на годинешната забава на магазинот Time.

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
495 пати
Извор: 
time.com