Оваа девојка е најпознатиот модел на светот чие име никој не го знае!

6 март 2014

Покрај сите познати модели како Жизел Бундшен, Кара Делевињ, Карли Клос, Алесандра Амброзио и уште многу други, во светот постојат и други модели со исто толку ангажмани, но многу малку луѓе ги знаат.

Многу од нив се појавуваат на модни ревии, снимаат едиторијали, дел се од најразлични каталози и кампањи, но некои пак, се фотографираат за најразлични фотографии што подоцна се продаваат за различни намени.

Еден од тие модели, односно најпознатиот, е девојката со име Аријана, за кое многумина не се сигурни дека е нејзиното вистинско име.

Прекрасната Аријана ја има буквално насекаде, а доколку сте имале потреба да „купите“ некоја фотографија од Интернет, веруваме дека сигурно сте ја сретнале. Па така, нејзиното лице може да го видите на здравствени кампањи во Перу, на реклама за сокови во САД, на рекламен постер на германски радио станици, во безброј магазини ширум светот и каде уште не.

Таа дефинитивно е една од најпознатите модели во светот, но она што е особено интересно е тоа што никој нема официјални податоци за неа, бидејќи таа самата не сакала да дава никакви интервјуа. Како што споменавме, сѐ она што се знае за оваа девојка е дека се претставува под името Аријана, нејзиниот татко е со француско и канадско потекло, а нејзината мајка е од Кина.

Поради нејзината популарност, единственото нешто што таа го има направено за да комуницира со сите заинтересирани е нејзиниот Фејсбук профил на кој има многу малку информации за неа.

Дали вие сте ја забележале Аријана досега? Ви се допаѓа ли нејзината одлука да остане анонимна? Нам дефинитивно да. Тоа ја прави нејзината убавина уште помистична!

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Актуел