Оваа девојка го украде шоуто на „Златни глобуси“ и стана вирален хит

8 јануари 2019

Годинашното издание на „Златни глобуси“ помина во знакот на Лејди Гага, Реми Малек, црвениот килим, но и непознатата девојка што се појавува речиси на секоја втора фотографија од настаноКако пренесуваат странските медиуми, се работи за хостеса, која имала за задача на гостите да им нуди вода од брендот „Фиџи“, па токму затоа и на социјалните мрежи беше наречена како „фиџи девојка“.

Се работи за Канаѓанката Келет Кутберт, која стана вистинска ѕвезда, случајно, но не сосема. Имено, девојката има досега снимено неколку реклами и работела и како модел, па позирањето пред камера не е нешто непознато за неа.

Оттаму и умештвото да гледа во камера и да се намести.За странските медиуми ќе изјави дека „на црвениот килим сликаат буквално од сите страни, па на која и да се свртите, ќе излезе ваша фотографија“.

Девојката, случајно или намерно, и' овозможува таква реклама и популарност на компанијата, што во нормални услови за така распространета реклама, би требало од „Фиџи“ да вложат преку 12 милиони до

Набргу, „Фиџи девојката“ стана предмет на шеги.

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.528 пати