Palones - Нов лондонски бренд кој вреди да го заследите на Инстаграм

10 октомври 2019

Сигурни сме дека повеќето од вас модната инспирација за било која сезона или пригода ја бараат по социјалните медиуми или модните магазини и сајтови како нашиот.

Денеска ве запознаваме со еден нов британски бренд - Palones, кој вреди да го заследите на Инстаграм.

Како што ќе речат за себе, тие не ги следат трендовите, па нивните модели ги класифицираат како класични. 

Тоа значи дека можете да ги носите повеќе сезони, искомбинирани со различни парчиња, а сепак да се вклопат со било каков актуелен тренд.

Исто така, овој бренд им овозможува на своите клиенти луксузните парчиња да ги добијат во лимитирани колекции кои често немаат ни сто парчиња. На нивната веб страна потенцираат дека секој месец им пристигнуваат нови парчиња, а имаат и продавница која се наоѓа во северен Лондон. 

Мантили, капути, одела, здолништа... се само дел од нивната понуда, а модните блогерки веќе посегнаа по нивни парчиња, со што веруваме дека бргу ќе се вивне меѓу најпопуларните на социјалните мрежи.

Погледнете дел од нивните парчиња:

 

фото извор: @palonesofficial;

Објавено:
10 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
798 пати