Пензионерот кој го насмеа целиот регион бил познат манекен

23 јануари 2019

Тони Селмани (82) е името на пензионерот кој го насмеа целиот регион. Хрватските медиуми веднаш успеаја да стапат во контакт со него, каде расположен и весел им раскажуваше за своите дневни ритуали, здравјето, но и дека и во младоста бил познат.

Како открива за „Jutarnji.hr“, како момче бил манекен.

„Не само манекен, туку и прв манекен во Југославија. Работев реклами за „Вартекс“, „Каменско“, а во една реклама за „Интерконтиненал“ глумев шеик. За „Питралон“ снимав реклами до пред 10 години“, вели Тони.

На прашањето како сопругата се справува со неговата сегашна популарност, ќе каже:

„Таа ме знаеше уште претходно кога бев популарен.Таа е најубавата жена на светот, 55 години сме во брак и имаме син кој исто така, е најубав на светот. Имаме и еден внук. Тој, уште сега на 5 години, е прав маж, па е најубав  на светот.“

Инаку, Селмани е роден во Албанија, а во Загреб се сели во 1960, по отслужувањето на воениот рок. Работел и за „Хрватски телеком“.

За тоа дека и тој и сопругата се една од најубавите двојки во Загреб, потврдуваат и соседите:

„Отсекогаш беа убав и складен пар. Сите најмногу го паметиме по рекламата за Питралон, па кога бевме деца го викавме „Питраломпи“. На пазарот сите го знаат како Манекен. Тој и сопругата отсекогаш се убаво облечени, пристојни, вистински манекени“, вели сосетката Марина.

Тони откри и дека цел живот има 70 килограми, ма што да јадел и пиел. Но, за фит изгледот дури и во деветата декада, може да му се заблагодари на вежбањето.

„Во младоста тренирав боречки вештини. Инаку, и денес вежбам по два до три часа дневно. Без исклучок“.

Уште додека е во кревет, почнува да ги движи рацете и нозете. Трча, вежба, оди, скока... Но, во пензионерските денови, вели, открива дека може да вежба и со умот. 

„Ќе легнам и го пуштам умот да ми го тренира телото. Медитацијата во шума, меѓу цвеќиња или до езеро ти дава долг живот, бидејќи сите имаме душа. Секоја тревка, секое дрво, секоја мува, се' има душа и тоа треба да се почитува“.

За тоа како тој се справува со популарноста што одново му се случува вели:

„Човек секогаш треба добро да се чувствува. Ако сакате да бидете здрави, треба да имате добри мисли“. Јас верувам дека добрите луѓе си заминуваат во еден ден. Тоа го знам по дедо ми. Тој живееше 102 години и се грижеше за мене по смртта на моите родители. Замина во еден ден и тоа е начинот на кој и јас сакам да заминам. Без да лежам со месеци во болница. Само нека еден ден таа дојде по мене и нека ме однесе. И јас ќе бидам најсреќен“, вели Тони, кој и со овој разговор стана уште поомилен меѓу народот ширум регионот“.

Целиот разговор го има на линкот овде.

За потсетување, тој стана популарен благодарение на изјавата за здравјето, а која за за неколку дена има преку 300.000 прегледи.

Ако не сте ја гледале, следи во продолжение.

 

 

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.209 пати