Пет милиони жени напишаа историја во Индија

4 јануари 2019

Откако две храбри жени пред неколку дена успеаја да влезат во познатиот храм Сабаримала во државата Керала во Индија по укинувањето на забраната за влез во храмовите на жени во репродуктивен период, други пет милиони жени излегоа на масивен, мирен простест.

Сите светски медиуми пренесоа разни восхитувачки фотографии од протестот што траел околу 15 – тина минути, а преку кој жените во Индија сакаат да потенцираат на еднаквите права што ги имаат со мажите кои сè уште не се согласуваат со тоа жени од 10 до 50 годишна возраст да влегуваат во храмови.

afpgetty_images

За само 15 минути, жените формирале синџир долг речиси 600 километри со што уште еднаш потсетија дека и тие треба да бидат третирани еднакво и дека мора да се стави крај на праксата тие да бидат исклучувани од разни традиции.

Во средата, двете жени на возраст од 40 години, влегоа во еден од најпознатите храмови во Индија заедно со полициска придружба, а по нивното излегување, наводно храмот бил духовно прочистен од свештениците.

afpgetty_images

По нивната посета, сосема очекувано, мажите се кренаа на протести, а дел од нив станаа и агресивни, по што едно лице загина, а голем број беа повредени.

Во септември, судот во Индија ја отстрани забраната стара со векови во која се велеше дека жени во репродуктивен период, односно од 10 до 50 години, не смеат да влегуваат во свети храмови, по што следеа огромен број на протести.

Светот остана фасциниран од масивниот протест и храброста на жените да се спротивстават на нешто за што многумина ќе потврдат дека е апсолутен апсурд.

Инфо: The Cut

Објавено:
4 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
502 пати