Пет модни заповеди на Андреј Пејиќ

1 јули 2013

Но сепак доколку сакате да бидете стилизирани како него, тогаш ние ќе ви предложиме пет основни правила кон кои тој се придржува, а кои ги откри при неодамнешната посета во Белград.

Црно

За време на престојот во српската престолнина имавме прилика да го видиме Пејиќ во црна гардероба. Тој го обожава рокерскиот стил, па токму поради тоа, Андреј препорачува црна кожна јакна во комбинација со потемна нијанса на фармерки кои убаво ви прилегаат.

Тесни маици

Нема девојка која не би посакала да има тело како Пејиќ, а бидејќи поседува добро градено тело, тој знае и како да го истакне. Ги обожава тесните маици, по можност кратки, транспарентни и црни кои би го истакнале неговиот тесен струк.

Впечатливи чевли

Андреј никогаш нема да го видите во обичен модел на чевли. Обожава да носи бајкерски чизми и високи потпетици, а истовремено тие да бидат во согласност со деталите кои се моментално во мода, без разлика дали тоа ќе бидат перли или нитни.

Природен изглед

Кога не позира за потребите на магазините, Андреј го негува природниот изглед. Тоа значи дека ретко кога носи шминка бидејќи сака да го истакне белиот тен, кој со малку разбушавената коса му дава доза на рокерски изглед.

Несекојдневни детали

Андреј Пејиќ има уникатен стил и тоа благодарение пред се на деталите.  Јакни со волуменизирани рамења или модни парчиња кои повеќе откриваат отколку што покриваат. Токму тоа е причината за несекојдневниот андроген стил на оваа светска сензација.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Актуел