Петиција против промоција на анорексијата и булимијата

31 јануари 2014

Италијанското издание на магазинот Вог пред година и пол ги повика сите блогери, форуми и обични читатели да се приклучат во борбата против  страниците и блоговите кои отворено ги промовираат аноресијата и булимијата. Уредничката на Вог, Франка Созани била шокирана од информациите кои се пренесуваат во јавноста и отворено изјавила дека модната индустрија директно и индиректно го промовира екстремниот слабиот изглед.

„Италијанскиот Вог како магазин кој редовно го пратат милиони читатели одлучи да го искористи својот авторитет за да се спречи оваа пропаганда преку собирање на доволен број потписи, со цел да се затворат страните и блоговите кои отворено промовираат анорексија и булимија“ – изјавила Франка.

До сега на онлајн петицијата на Вог се имаат потпишано над 13. 000 читатели.

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Актуел