Питер Копинг го напушта Оскар де ла Рента

21 јули 2016

Дизајнерот Питер Копинг ја напушта функцијата креативен директор во луксузниот бренд Оскар де ла Рента.

Тој помалку од две години беше на челната позиција во брендот, на која му претходеше улогата на креативен директор на модната куќа Нина Ричи.

Конкретни причини за оваа негова одлука до сега не се наведени, единствено што посочува дизајнерот е дека се враќа во Европа.

„После речиси две години во Оскар де ла Рента, поради приватни причини се враќам во Европа. Ја сакав мојата работа во Њујорк и се надевам дека повторно ќе се вратам тука во иднина", вели Копинг кој на водечката позиција во Оскар де ла Рента дојде во ноември 2014 година.

Кој ќе го замени, останува отворено прашање, иако магазинот Business of Fashion излезе со свои претпоставки дека тоа би можеле да бидат дизајнерите кои веќе долги години работеле во брендот, Лаура Ким и Фернандо Гарсија и дека нивното враќање е возможно.

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
40 пати