Плагијаторство, Мајли Сајрус и Џереми Скот

6 август 2015

Дизајнерот на Москино, Џереми Скот овие денови постојано е во центарот на вниманието. Првата информација што одекна беше за тужбата што дизајнерот ја доби од уличниот артист Џозеф Тиерни.

Тој го обвини Скот дека без дозвола ги употребил некои од неговите цртежи во неговите дизајни за колекцијата есен 2015. На писта креацијата ја носеше Џиџи Хадид, а на Мет Галата таа беше изборот на Кејти Пери.

Џереми не само што е обвинет за недозволено преземање, туку и за модифицирање на оригиналниот дизајн.

„Москино и Џереми Скот направија своја слика врз онаа на артистот, пишувајќи го името на брендот со спреј, со што ги направија да изгледаат како нивна оригинална творба“, се вели во тужбата.

Дизајнерот со слична тужба се соочи и во 2013 година, а проблеми со графитите и нивното авторство имаше и Роберто Кавали.

Веста за најновата тужба беше објавена и на онлајн верзијата на британски Vogue, по што беше отстранета. Причините за сега не се познати.

Но, фамата околу обвинувањата не го спречија Џереми Скот да ги најави своите следни проекти. На листата на негови клиенти е и Мајли Сајрус, која ќе носи креација на Скот на претстојните Ем-Ти-Ви музички видео награди.

-Мајли секогаш знае како да внесе забава во сè, па така ќе биде и со нашата соработка за настапот на музичките награди. Ќе биде младешки и полно со енергија, Мајли има да биде вистинска бомба – најави дизајнерот за Elle.

Инаку, летово беше мошне активно за Џереми. Во јуни ја презентираше кампањата за есенската колекција на Москино, потоа го објави првото промо-видео за неговиот документарен филм насловен како Jeremy Scott: The People’s Designer, кој ќе ја доживее премиерата во септември, а вчера го отвори и вториот бутик на Москино во Њујорк.

Објавено:
6 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
588 пати