Платите во модниот свет за 2016 година

3 февруари 2016

Модниот сајт Fashionista’s направи истражување за тоа како се движат цените во модната индустрија.

За таа цел преку 4.500 читатели јавно и анонимно ги споделија деталите за нивното работно место, независно во кој сегмент од модата се вклучени.

Во истражувањето учествувале личности од стотици различни компании и брендови меѓу кои и „Прада“, „Шанел“, „Марк Џејкобс“, „Најк“, „Ралф Лорен“, „H&M“, Александар Ванг, „Мејсис“....

Од сајтот велат дека бројките што следат во продолжение се просек од добиените информации и се прилично репрезентативни.

Дел од работните места што се наведени, кај нас воопшто и не постојат.

Па еве како тоа изгледа во светот:

Дизајн:

Асистент на технички дизајнер (техничар): 61.000 долари

Заменик технички дизајнер: 65.000 долари

Технички дизајнер: 72.000 долари

Дизајнер: 95.000 долари

Главен дизајнер: 104.000 долари

Главен технички дизајнер: 120.000 долари

Креативен директор: 157.000 долари

Директор на дизајн: 163.000 долари

Уредништво:

Асистент маркетинг уредник: 33.000 долари

Асистент на уредник: 46.000 долари

Заменик уредник: 47.000 долари

Заменик маркетинг уредник: 47.000 долари

Уредник: 49.000 долари

Новинар: 59.000 долари

Истражувач: 59.000 долари

Главен уредник: 67.000 долари

Директор на уредништво:143.000 долари

Останатите информации можете да ги погледнете овде.

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
845 пати