Плејбој повторно со стариот концепт

18 април 2017

Во Америка се чини дека малку регресивно се развиваат работите, ако се следи примерот на Плејбој. Откако во 2015-тата падна одлуката да не се печати повеќе ова списание и тоа без концепт на голи жени на насловна, се чини дека се враќаат работите на старата добра бизнис одлука.

По издавањето на примерокот за март/април, главниот креативен директор, синот на Хју Хефнер, Купер Хефнер објави на својот Твитер профил дека „Плејбој“ се враќа повторно со голи жени и провокативни фотографии на насловните страни. Младиот Хефнер жестоко се спротиставил на сега веќе поранешниот менаџер, Скот Фландерс, кој во 2015-та година изјави: „Вие сега како публика сте само на еден клик од гол акт каков ќе посакате во вашата фантазија.Тоа е сè минато во својот концепт и контекст.“

Преземајќи ја целата компанија во октомври 2016 година, Купер одлучи да ги следи постапките на својот татко. После продажбата на познатата „Плејбој“ вила за 100 милиони долари, изгледа дека младиот Купер сака да се врати на пазарот повторно и да го врати имиџот на „Плејбој“.

Последното издание е со мотото: „Голотијата е нормална“.

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
136 пати