Плус-сајз сексапил - сите изданија на Ешли Греам месецов

13 септември 2017

Моделот Ешли Греам е еден од револуционерите во поставувањето на новите стандарди во модната индустрија.

Таа е еден од омилените ликови на бројни дизајнери, но и уредници, па не ја гледаме речиси на секое модно или шоу-биз случување.

Месецов е посебно активна. Во тек е модната недела во Њујорк, каде можеше беше дел од неколку ревии. Исто така, ја видовме и на забавите на магазините „Харперс Базар“ и „В“. На „Модните медиа награди“, ја имаше честа за зборува за модната индустрија и своето искуство, заедно во друштво со легендарната Карин Ројтфелд.

Беше гостинка и на ревијата на Ријана во соработка со „Пума“, а вистинско освежување беше да се види плус-сајз модел на ревија на популарни дизајнери, како што тоа го направи Прабал Гурунг.

Деновиве е актуелна и поради последните необработени фотографии од улиците на Њујорк, каде за потребите на една рекламна кампања, се појавува само во долна облека. Всушност, една од причините што Ешли е толку сакана и меѓу народот и меѓу соработниците е што никогаш не стравува да ја покаже реалната страна на својот изглед.

На сето ова на крај ќе се надоврзат и фотографиите, кои уште еднаш ќе покажат дека без разлика на големината, жената е секси ако умее да се носи со своето тело, има став и своите недостатоци знае да ги претвори во предност.

 

фото извор: popsugar.com; revelist.com;

Објавено:
13 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
924 пати